Свинското нема да поскапи за Велигден и Први мај
Цената на свинското месо на македонскиот пазар нема да се зголеми за Велигден и Први мај, објави Групацијата на одгледувачи свињи.
Според Ефтим Шаклев од Групацијата, производителите сакаат македонските граѓани претстојните празници да ги поминат релаксирано и со богата трпеза. Цената не ја зголемуваат и покрај тоа што во соседните земји и во земјите на ЕУ порасна за минимум 30 отсто.
-Зголемувањето на цената на европскиот пазар за минимум 30 отсто се должи на големата побарувачка на свинско месо од Кина. Штом има побарувачка, расте и цената, изјави Шаклев.
Тој засега не открива дали по празниците ќе има поскапување, само вели дека договори ќе има.
Производителите остануваат на барањето за декларацијата на месото во угостителските објекти и продавниците, а своите решенија заедно со Организација на потрошувачи ќе ги презентираат по претседателските избори.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Крстевски, независен советник и кандидат за в.д. градоначалник на Кочани
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница
-
Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши