СВР Тетово: Продажба и пукање петарди се казнува со парични глоби и затвор
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од активирање на пиротехнички предмети како петарди со оглед дека таквите постапки претставуваат прекршок и се санкционираат со паричните казни од 200 до 500 евра, а продажбата и со затвор.
-На трговците, родителите и учениците ( основци и средношколци ) им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир предвидена е парична глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини, пак, спротивно е на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Ја потенцира и опасноста по здравјето на луѓето од употреба на пиртхеничките предмети.
-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира, особено до учениците од основните училишта, подалеку од ваквите опасни играчки, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото, вели Јосифовски.
Секторот за внатрешни работи Тетово веќе одржува состаноци на граѓанските советодавни групи на кои, меѓу другото, се зборува за набавката, продажбата и се друго поврзано со пиротехничките средства. Вакви состаноци се организираaт и во основните и средните училишта на тетовско-гостиварското подрачје. Иницијатор и носител на овие и другите активности е Отсекот за превенција, потенцираат од СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната