СЗО: Дури 95 проценти од ПЦР тестовите даваат точен резултат
Точноста на ПЦР тестовите за новиот коронавирус се околу 95 проценти точни, изјави претставничката на Светска здравствена организација во Русија, Мелита Вујнович.
Таа истакна дека ПЦР тестовите се еден од најточните методи за анализа.
– Преку проектот на Фондот за иновативна дијагностика беа анализирани 22 светски системи, сите покажаа точност од 95 отсто – истакна Вујнович.
Таа наведе дека голем број фактори влијаат врз резултите од тестот, како што е од каде се набавени материјалите, како се транспортирани и складирани тестовите, дали е проверен тест-системот во лабораторија или не, како и дали е подготвен пациентот за тестот.
Во исто време специјлниот претставник на СЗО, Дејввид Набаро за Скај њуз изјави дека новата мутација на ковид-19, откриена во Велика Британија не претставува поголема опасност за луѓето иако можеби е позаразна.
– Изгледа дека мутацијата е позаразна, но не изгледа поопасна – посочи Набаро.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
