СЗО: Имунитетот на стадо се постигнува единствено со вакцина
Светската здравствена организација соопшти дека човештвото не е ни приближно да постигне ниво на имунитет на коронавирусот што би било неопходно за стекнување на имунитет на стадо, каде што доволен дел од населението би имал антитела да ја запре епидемијата.
Имунитетот на стадо обично се постигнува преку вакцинација, а повеќето научници проценуваат дека најмалку 70 проценти од населението мора да има антитела за да се спречи епидемија. Некои експерти,сепак, сугерираат дека ќе се даде заштитен ефект дури и ако барем половина од населението има имунитет.
Таквата теорија вчера ја отфрли официјалниот претставник на СЗО, Мајкл Рајан, кој кажа дека не треба да живееме со надеж дека ќе добиеме имунитет на стадо, пренесоа американските медиуми.
-Како глобално население ние не сме ни блиску до нивото на имунитет, неопходно да се запре пренесувањето на оваа болест. Тоа не е решение и не е решение што треба да го бараме, рече Рајан на вчерашната редовна прес конференција.
Повеќето досега спроведени истражувања покажаа дека само 10 до 20 проценти од луѓето имаат стекнато антитела.
Ново на Сител
-

Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства, уапсени две лица, од кои едното е полициски службеник | ВИДЕО
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
-

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
-

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер
-

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
