Свет
3. November 2021 - 15:31

СЗО ја одобри индиската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација даде дозвола за итна употреба на индиската вакцина против коронавирус, „коваксин“.

СЗО утврди дека вакцината „коваксин“ ги исполнува стандардите на СЗО за заштита од ковид-19, и дека бенефитот од вакцината е далеку поголем од ризиците. Вакцината може да се стави во редовна употреба , соопшти СЗО.

Вакцината беше развиена од индиската компанија „Барат Бајотек“ во соработка со Националниот институт за вирусологија.