Свет

СЗО: Новата вакцина против ебола ефикасна

Светот за првпат е на прагот да успее да ги спаси луѓето од ебола,  објави Светската здравствена организација.   Објавата уследи откако новата вакцина  против  ебола, тестирана на 4000 заразени во Гвинеja  засега се покажала како 100 проценти успешна.   Од декември 2013 година смртоносниот вирус однесе над 11.000 човечки животи во Западна Афркика, особено во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.

Членови на семејството на бин Ладен загнале во авионска несреќа во Британија

Четири лица загинале  синока при пад на  мал  приватен авион во Јужна   Англија. Три од жртвите биле членови на семејстово на убиениот членик на Ал Каеда, Осама бин Ладен соопшти Амабсадата на Саудиска Арабија во Лондон, но при тоа не ги откри  нивните имиња . Авионот со еден пилот и тројца патници полетал од Милано. Несреката се случила кога авионот се обидел да слета на аеродромот Блекбуш во Хемпшир,но  ја промашил  пистата и завршил на саем за автомобили  кој се одржувал во близина,  по што се запалил. Во тек е истрага за несреќата.

По анализита во Париз ќе се знае дали откриените остатоци од авион се од изчезнатиот малезиски Боинг 777

Остатоците од авион пронајдени  пред  неколку дена  на францускиот остров Реунион во Индискиот Океан,,за кои се верува дека му припаѓаат на изчезнатиот малезиски Боинг 777 стигнаа  во Франција за анализа.Тестовите ќе се извршат во лабораторија на Министертвото за одбрана во Тулуз Авионот  со 239 патници и членови на екипажот   мистериозно  исчезна над Јужното кинеско море само еден час по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг на 8 март мината година.

Шпигел- Меркел сака и  и четврти мандат за канцелар на Германија

Германската канцеларка, Ангела Меркел и по четврти пат ќе се кандидира за канцелар на Германија на изборите во 2017 година , пишува германскиот магазин „Шпигел“ повикувајќи се на свои извори.  Својата кандидатура , таа  најверојатно ќе ја објави на почетокот на на 2016 година пишува Шпигел. Инаку, Меркел е канцелар на Германија од 2005 година.