Свет
16. September 2020 - 8:44

СЗО очекува следната пандемија да биде опустошителна

Ако не научиме од коронавирусот и го примениме наученото во пракса со потребните ресурси и посветеност, следната пандемија, што сигурно ќе има, ќе биде многу повеќе опустошителна. Тоа се предупредува во извештај на Светската здравствена организација.

Авторите на извештајот, насловен „Неорганизиран свет“, истакнуваат дека сегашната пандемија Ковид-19 е доказ за „колективната неспособност“ да се спроведат во пракса мерки за спречување, подготвување и одговор , „да им се ндаде соодветен приоритетен карајктер“.

Оваа година исто така беше нагласена и „ранливоста на економиите и социјалните системи кои се тесно поврзани“, како и јасните празнини во општествата и нациите во врска со нееднаквостите, додека коронавирусот „успева во неорганизиран свет“, се вели во документот.

Како заклучок, авторите на извештајот наведуваат дека пандемијата „јасно не потсети дека е невозможно да се потпреме на здравствената сигурност без социјално осигурување“.

Тие ги повикуваат земјите да градат стабилни системи, да преземат соодветни мерки и да се посветат на инвестиции за превенција, подготвувајќи се за „најлошото“ затоа што „никој нема да биде безбеден се додека не бидеме сите заедно“.

СЗО соопшти дека повеќе од 11 милијарди долари се инвестирани во справување со пандемијата, додека трошоците за мерките за превенција се само пет американски долари годишно по човек.