СЗО: Омикрон е регистриран во 57 земји
Во неделниот епидемиолошки билтен на СЗО се посочува дека „од 7 декември 2021 година, омикрон варијанта на коронавирусот е потврдена во 57 земји. Неговото присуство е забележано во сите шест региони на СЗО“.
Експертите посочија на фактот дека бројот на откриени случаи на коронавирус во моментов рапидно расте во Јужна Африка. Иако причините за ова зголемување сè уште не се познати, тие велат дека ширењето на Омикрон во регионот е „веројатно“, а зголеменото тестирање на населението за ковид одигра улога, бидејќи сојот беше класифициран од СЗО како заканувачка варијанта.
Организацијата нагласува дека „прелиминарните анализи покажуваат дека мутациите во омикрон варијантата можат да ја намалат неутрализирачката активност на антителата, што доведува до намалена имунолошка заштита“. СЗО верува дека ова е можеби објаснувањето „зошто оваа варијанта се чини дека брзо се шири меѓу високо имунизираните популации, како што е случајот во ЈАР“.
Според СЗО, потребни се повеќе податоци за да се процени ефекасноста на вакцините против сојот Омикрон. „Потребни се повеќе податоци за да се процени дали мутациите својствени на варијантата Омикрон може да доведат до намалена имунолошка заштита од вакцините“, велат експертите. Според нив, потребни се повеќе „податоци за ефикасноста на вакцините, вклучително и употребата на дополнителни дози“.
Во извештајот се нагласува дека „СЗО ќе продолжи да работи со своите партнери за следење и оценување на овие податоци веднаш штом ќе станат достапни“.
Ново на Сител
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија