-->
-->
СЗО оваа недела ќе одлучи за употреба на вакцините Синофарм и Синовак
-->
Светската здравствена организација ќе донесе одлука оваа недела дали ќе ги одобри кинеските вакцини Синофарм и Синовак за итна употреба, изјави претставник на СЗО.
Маријанџела Симао, помошник генерален директор за пристап до лекови, вакцини и фармацевтски производи, вели дека треба да се направат некои „последни упатства“ пред советничката група на СЗО да донесе конечна одлука за вакцините Синофарм и Синовак.
– Очекуваме да ги имаме и двете одлуки до крајот на неделава, изјави таа.
СЗО наведува дека прво ќе се донесе одлука за Синофарм, а потоа и за вакцината Синовак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
,,Библиотека на тркала'' во Струмица - полесно до книга
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции