СЗО: Пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година
Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека верува оти пандемијата на коронавирусот ќе заврши на почетокот на 2022 година.
Клуге за данската државна телевизија „ДР“ изјави дека ширењето на Ковид-19, сепак, ќе доминира во општеството и во 2021 година, но ќе биде многу поконтролирано од 2020 година.
Посочувајќи дека најлошите сценарија веќе завршија, тој кажа дека сега има повеќе информации за вирусот отколку во 2020 година, кога првпат почна да се шири.
Тој, меѓутоа, предупреди дека никој не може да биде сигурен за иднината на пандемијата.
-Вирусот ќе продолжи да постои, но мислам дека нема да бидат потребни ограничувања. Тоа е оптимистичката порака, рече Клуге.
Експертот на СЗО додаде дека појавата на варијантите на вирусот е нормална и дека вирусот се обидува да се прилагоди, но брзото ширење на мутациите останува загрижувачка појава за СЗО.
Клуге рече дека мутациите нема да го стават вирусот надвор од контрола, но истакна дека земјите чии здравствени системи веќе биле под притисок може да се најдат под уште поголем притисок, принудувајќи ги многу сериозно да ги сфаќаат новите варијанти на вирусот.
Ново на Сител
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема