СЗО: Пандемијата создаде планина од медицински отпад
Над 200.000 тони медицински отпад, од што голем дел пластичен, се акумулираше ширум светот како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), пренесе ДПА.
Германската агенција, повикувајќи се на СЗО, пренесува дека тестовите за коронавирус се дополнителни 2.600 тони отпад и 731.000 литри хемиски отпад.
Заштитните маски за приватна употреба не се вклучени во проценките, дополнува СЗО.
-Ковид-19 го принуди светот да се пресмета со празнините и запоставените аспекти на протокот на отпад и како ги произведуваме, користиме и отфрламе нашите ресурси за здравствена заштита, од колевка до гроб, изјави Марија Неира, шеф за животна средина, климатски промени и здравје во СЗО.
Организацијата повика на стратегии за заштита на луѓето и животната средина од лошо отстранетите заштитни облеки, комплети за тестирање и прибор за вакцинација.
Уште пред пандемијата, СЗО предупреди дека една третина од сите здравствени установи не се во можност правилно да го фрлаат својот отпад.
Ново на Сител
-
ТОАРИЛУЦ прави чести и ненајавени контроли на воздухот во операционите сали
-
„Вреди“ не попушта – паралелна Aлбанска Академија на науки и уметности ќе има
-
Kредитите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат, кажа министерката за финансии
-
Македонија транзит земја за евтина работна сила
-
Во битка со институциите - патот до надоместок за туѓа нега
-
Имами од Тетово бараат повлекување на разрешувањето на муфтијата Ќани Несими
-
Прес-конференција на ВЛЕН
-
Охрид преполн со гости