СЗО повеќе не препорачува две терапии против коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) повеќе не препорачува две терапии за антитела на Ковид-19 бидејќи се застарени за сојот Омикрон и најновите соеви на вирусот . Сотровимаб и казиривимаб – имдевимаб беа меѓу првите лекови против коронавирусот на почетокот од пандемијата.
Оттогаш вирусот еволуираше, па сè повеќе лабораториски истражувања покажаа дека тие имаат ограничено делување на новите соеви. Сотровимаб, лек од ГСК и партнерската компанија Вир Биотехнологија, во април беше повлечен од американскиот пазар, откако донесе милијарди долари профит за време на пандемијата. Казиривимаб – имдевимаб на Регенерон и Рош исто така донесе заработка од милијарди.
Американската агенција за лекови го ревидира своето мислење за лекот во јануари и го ограничи на помала група пациенти поради слабото дејство врз сојот омикрон. Европскиот регулатор и понатаму ги препорачува двете терапии.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
