СЗО предупредува: Укинувањето на мерките може да доведе до фатално враќање на пандемијата
Предвременото укинување на мерките за ограничување за движењето, воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, може да предизвика „фатално враќање “ на пандемијата, предупреди директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус.
-Знам дека некои земји веќе се подготвуваат за излегување од изолацијата. СЗО, како и сите, сакае да се укинат ограничувањата. Но, предвременото укинување на ограничувањата може да предизвикаат фатално враќање на пандемијата, рече тој.
„Враќањето на пандемијата може да биде, исто така, смртоносно колку и неговото ширење, доколку недостасуваат потребните мерки“, додаде тој.
СЗО разговара со заинтересираните земји за подготовка на стратегија за постепено и безбедно излегување од изолацијата и смета дека треба да бидат исполнети шест барања, пренесе Индекс.
Потребно е да се контолора пренесувањето на вирусот, да се обезбеди јавноздравствена и медицинска поддршка, како и да се минимизира ризикот во изложената средина, како што се здравствените установи за долготрајно лекување.
Исто така, треба да се воведат и превентивни мерки за работното место, во училиштата и на другите посетени други места, да се контролира ризикот од внесување на вирусот од странство и конечно на населението да му се довери одговорноста.
-Секој поединец носи дел од својата одговорност во борбата против епидемијата, истакна Тедрос.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево