СЗО: Сè уште не е идентификувано животното од кое потекнал коронавирусот
Меѓународниот тим кинески експерти и експерти од Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека животното од кое потекнува коронавирусот не е пронајдено и оти нема индиции дека бил присутен во кинескиот град Вухан многу порано пред да биде откриен.
Преносот од животното е веројатен, но „сè уште не е идентификувано“, изјави на прес-конференцијата шефот на делегацијата кинески научници, Лианг Ваниан.
– Нема доволно докази за да се утврди дека Sars-Cov-2 се проширил во Вухан пред декември 2019 година, рече Лианг.
Шефот на делегацијата на СЗО, Питер Бен Ембарек, изјави дека пренесувањето на коронавирус од првото животно, а потоа и од второ животно како посредник пред да се прошири на луѓето, е „најверојатната“ хипотеза.
Сепак, тоа бара „поконкретно и насочено истражување“, рече тој.
Ембарек исто така оцени дека хипотезата оти коронавирусот „избегал“ од лабораторија е „крајно неверојатна“.
Првите случаи на коронавирус беа регистрирани во декември 2019 година во Вухан, а епидемијата потоа се прошири во целиот свет. До денес, повеќе од 2,3 милиони луѓе ширум светот починаа од Ковид-19.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест