СЗО: Терапијата со плазма е експериментална, потребни се уште докази
Светската здравствена организација соопшти дека употребата на плазма од страна на пациенти излекувани од Ковид-19 сè уште се смета за „експериментална терапија“ и дека прелиминарните резултати што укажуваат на нејзината можна ефикасност сè уште не се „убедливи“.
Сума Сваминатан од СЗО изјави дека конвалесцентната плазма се користела како терапија за голем број заразни болести во текот на изминатиот век, со различен степен на успех.
– СЗО сè уште смета дека третманот со конвалесцентната плазма е експериментален, рече Сваминатан, додавајќи дека треба и натаму да се следи и проценува.
Покрај тоа, таа вели дека терапијата со плазма е тешко да се стандардизира, со оглед на тоа што луѓето произведуваат различни нивоа на антитела и дека плазмата мора да се собира индивидуално од излекуваните пациенти.
Според Сваминатан, истражувањата се од мал обем и не обезбедиле квалитетни докази кога станува збор за овој вид на лекување.
Таа истакна дека државите можат да ја користат оваа форма на терапија за лекување на итни случаи, доколку сметаат дека придобивките ги надминуваат ризиците.
Од СЗО напоменуваат дека терапијата со конвалесцентна плазма има голем број несакани ефекти, од блага треска и температура до многу сериозни проблеми со белите дробови.
Ново на Сител
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
-

Од почетокот на енергетската криза бензините поскапеа за 18.5, а дизелот за 27.5 денари
-

Мицкоски за истрагата за унгарскиот заем од Маѓар: Коментарите се дека кредитот бил многу поволен за нас
