СЗО загрижена поради опасноста од ширење заразни болести во Газа

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус изјави дека е многу загрижен поради опасноста од ширење на заразни болести во Газа.
„Луѓето остануваат масовно раселени низ јужниот дел на Газа, а некои семејства се принудени да се преселат повеќе пати“. Многумина се засолнуваат во преполните здравствени установи. Моите колеги од СЗО и јас сме многу загрижени поради зголемената опасност од заразни болести“, напиша Гебрејесус на социјалната мрежа „Икс“.
Тој додаде дека од средината на октомври до средината на декември биле пријавени околу 180.000 случаи на инфекции на горниот респираторен тракт и повеќе од 136.000 случаи на дијареа, од кои половина биле пријавени кај деца на возраст под пет години.
Дополнително, забележани се шуга, варичела, осип на кожата, синдром на акутна жолтица и менингитис.
„СЗО и партнерите неуморно работат на поддршка на здравствените власти во надзорот и контролата на болестите преку снабдување со лекови и обидувајќи се да го подобрат пристапот до безбедна вода и храна“, рече Гебрејесус.
Ново на Сител
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Урсула фон дер Лајен
-

Скопјанец му се заканувал преку телефон на полицаецот кој предходно му пишал казна
-

Татко во кривопаланечко си го нападнал малолетнит син со остар предмет
-

25-годишник обил сеф на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и одзел девет пиштоли
-

Мицевски: Филипче губи контрола, со навредливи зборови кон премиерот манифестира силен страв и впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби
-

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија
-

Детали од полициската акција: Запленети 130.000 евра, и десетина луксузни автомобили – дејствувалe во Шпанија, Грција и Србија
-

Мицкоски до бруцошите: Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата Македонија
