Тачи и Харадинај ја активираа групата за изработка на Статутот на ЗСО

Претседателот на Косово, Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај денеска повторно ја активираа раководната група која ќе работи на предлог-статуот на Заедницата на српски општини (ЗСО).
- Изработката на Статуот ќе биде транспарентен и сеопфатен процес, кој ќе се состои од три работни механизми: Раководен тим, комитетите за имплементација и Национална консултативна група, кои ќе гарантираат вклучување на целиот политички спектар, граѓанското општество и други општествено релевантни механизми, се наведува во соопштението на косовската Влада.
Во процесот ќе бидат вклучени и меѓународни механизми, кои му помагаа на Косово во сите фази и тоа ќе биде „значаен чекор за Косово на неговиот пат кон евроатлантските интеграции“.
- Финалниот предлог на Статуот, заедно со директивата, ќе биде доставен до Уставниот суд со цел да биде во целосна согласност со Уставот на Република Косово. Со овој чекор, Косово исполнува уште една меѓународна обврска, докажувајќи ја посветеноста на евроатлантскиот пат, се наведува во соопштението на Владата на Косово.
Ново на Сител
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
