Тачи и Харадинај не можат да се усогласат за нов прв разузнавач
Косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај имаат различен став за тоа кој да биде нов прв разузнавач на Косово.
Харадинај доставил предлог до Тачи нов директор на косовската тајна служба АКИ да биде Латиф Меровци, актуелен заменик директор на агенцијата.
Но, како што јави дописникот на МИА, иако предлогот веќе неколку дена е на масата кај Тачи, тој се уште не дал зелено светло. Претходно тој побара со смената на досегашниот директор Дритон Гаши да заминат и двајцата клучни личности во службата, неговот заменик Меровци и главниот инспектор Шкелзен Сопјани.
Според член 5 од Законот за АКИ, претседателот заедно со премиерот именуваат прв човек на службата „во рок од 20 дена откако местото останува празно“.
Две недели по апсењето на шестмина турски државјани на Косово, директорот на косовската тајна служба Гаши, пред два дена поднесе оставка.
Оставката од Гаши се случи по барање на косовскиот премиер Рамуш Харадинај поради апсењето и депортацијата на шестмината турски државјани, кои официјална Анкара ги смета за приврзаници на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД.
Претходно, поради истата причина, оставка на барање на Харадинај поднесе и министерот за внатрешни работи Фљамур Стефај.
Харадинај ги побара оставките затоа што акцијата за апсење и депортација на државјаните на Турција била спроведена во заедничка акција со турската тајна служба, а Владата, односно тој, не биле информирани за тоа.
Иако јавно не призна, според косовските медиуми, Тачи бил запознат со акцијата. Во прилог на тоа одат и зборови на благодарност што му ги упати турскот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
