Тачи ја поздрави одлуката на ЕУ за почеток на преговорите со Македонија и со Албанија
Претседателот на Косово Хашим Тачи ја поздрави вчерашната одлука на Европската унија за отворање на преговори со Северна Македонија и со Албанија, оценувајќи ја како „значаен чекор во правец на европските интеграции за двете земји, за Албанците и за целиот регион“.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тачи порача дека, „наспроти постојаните неправди, конечно ЕУ почна да носи исправни одлуки“, но му забележува на Брисел дека прави „голема стратешка грешка“ со тоа што, како што вели, „продолжува да го дискриминира Косово“.
– Се надевам дека ова ќе биде еден пресврт од нивна страна за рамноправно третирање на сите држави на Западен Балкан. За жал, Европската Унија продолжува да го дискриминира Косово, оставајќи го изолирано и натаму без статус на земја-кандидат за членство. Ова е голема стратешка грешка на ЕУ која се прави против Косово, напиша синоќа Тачи на својот Фејсбук.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден