Тачи: Косово и Србија треба да ги исполнат обврските од спогодбите во Брисел
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово и Србија треба да ги исполнат обврските кои произлегуваат од досега постигнатите спогодби во Брисел, во рамките на дијалогот, со цел нормализирање на меѓусебните односи.
- Институциите на Косово ја постигнуваат планираната агенда. Развојот на односите меѓу Косово и Србија не може да се постигне со попречување на работата еден на друг. Косово ќе ги исполни своите обврски, а во исто време Србија треба да го стори истото. Ова е процес кој води кон Европската унија, изјавил Тачи за српските медуми, пренесе Телевизијата Клан Косова.
Тачи исто така најави дека многу набрзо ќе се формираат Вооружените сили на Косово, што ќе бидат мултиетнички и што ќе и ја отвори перспективата на земјата и ќе и овозможи зачленување во НАТО.
Инаку, претседателот Тачи, според порталот Албеу, пред два дена го потпишал указот за двата закона за продолжување на мандатот на мисијата на Еулекс кои вчера попладне се објавени и во Службен весник на Косово.
Ново на Сител
-
Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице
-
Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата
-
Студентите на Правниот факултет во Скопје после 15 години го промовираа првото стручно списание
-
Сообраќајка пред влезот на Влае, се судриле три возила
-
Инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда ќе биде соодветно казнет, велат од Општина Ѓорче Петров
-
Казнета кланица поради непочитување на законски одредби за нештетно отстранување на нус производи по колење
-
Сите основни училишта во државава ќе добијат примерок од македонскиот Правопис
-
МВР: Секторот за компјутерски криминал презема мерки за истраги и справување со „фишинг“ - напади