Балкан
3. јуни 2016 - 14:28

Тачи: Косовските Албанци не заминуваат во ИД поради религијата

Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека верските убедувања и идеологијата не се меѓу главните причини поради кои некои од младите косовски Албанци се приклучиле кон групата Исламска држава (ИД). 

- Косово е шампион во регионот во однос на борбата против тероризмот и радикализацијата, додаде тој.

Како што јави Танјуг, според него, локалните власти презеле конкретни мерки против сто лица, обвинети за организирање патувања на косовските Албанци во Сирија и Ирак.