Тачи: Таксата ќе се укине само откако Србија ќе го признае Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека на меѓународниот форум во Братислава, каде што отпатува попладнево, нема да има посебна средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, туку може да разговара со него на панелот на кој ќе стане збор за дијалогот меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Обраќајќи им се на новинарите на приштинскиот аеродром, пред полетувањето за Словачка, Тачи рече дека таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ќе се укине само откако Белград ќе ја признае независоста на Косово.
– Таксата е исправна и легитимна одлука, треба да остане во сила и не треба некој да ја гледа како дополнителен критериум за визна либерализација за косовските граѓани, изјави Тачи.
Тој рече дека на форумот во Словачка, која е една од петте членки на Европската унија кои се уште ја немаат признаено независноста на Косово, ќе ги претстави достигнувањата на неговата земја, 20 години по завршувањето на војната и 11 години по прогласувањето независност.
– Ова е прва можност на претседателско ниво да го претставувам Косово на овој форум, каде што ќе се расправа за косовската актуелност и каде ќе ги претставам достигнувањата на нашата држава. Ќе биде тоа можност да се расправа и за дијалогот меѓу Косово и Србија и за изгледите да се постигне еден историски договор. Повторно ќе го нагласам прашањето на визната либерализација. Оваа дискриминација и изолација на нашите граѓани мора да заврши, изјави Тачи.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите