„Тагесцајтунг“: БиХ се соочува со распад

Референдумот во Република Српска, што се одржа во неделата, е многу повеќе од прашање за еден државен празник и денес, 20 години по Дејтонскиот договор, тој би можел повторно да ја втурне Босна и Херцеговина во нов амбис, оценува германскиот весник „Тагесцајтунг“.
Според весникот, по успехот на референдумот за државниот празник во Република Српска, преседателот на овој ентитет Милорад Додик е подготвен за нова ескалација - на референдум за одвојување на Република Српска од БиХ.
- Со поддршката од Москва, Додик може да се чувствува сигурно. За Додик и неговите поддржувачи не станува збор за ништо друго туку за остварување на националистичкиот сон за формирање на Голема Србија, оценува весникот.
„Тагесцајтинг“ додава дека на ваквата амбиција на властите во Бања Лука, Бошњаците велат дека „босанските Срби може да ја напуштат БиХ, но без земја“, што недвосмислено претставува закана за војна.
Весникот потенцира дека во Брисел и во Вашингтон се свесни што може да се случи во БиХ, додавајќи дека сепак има време да се интерванира, бидејќи „работите се уште не отишле предалеку“.
„Тагесцајтунг“ истакнува дека и покрај Референдумот, според анкетите на јавното мислење, мнозинството од боснаските Срби сакаат да бидат дел од ЕУ, но за да се оствари тоа ќе мораат да се согласат на компромис.
Ново на Сител
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
-

Трамп: Веруваме дека постигнавме промена на режимот во Иран, сите се мртви
-

Српскиот претседател објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи
-

Цените на нафтата пораснаа на повеќе од 115 долари за барел
-

Променливо облачно, температурата до 18 степени
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
