Тахири: Испративме четири барања до Белград, но нема одговор

Косовскиот министер за правда Абелард Тахири изјави дека Приштина испратила четири барања до Белград за информации за расветлување на убиството на Оливер Ивановиќ, но не добила одговор на ниту едно.
- Во текот на неделата ќе испратиме уште едно барање до властите во Белград, со кое ќе прашаме и за статусот на испратените барања. Дали постои волја да одговорат или како стојат работите, истакна Тахири.
Тој тврди дека Приштина е многу заинтересирана да се реши убиството на лидерот на граѓанската инцијатива Слобода, правда и демократија, Оливер Ивановиќ и сторителите да се изведат пред лицето на правдата.
Во саботата уапсени се двајца припадници на косовската полиција во Северна Миртовица под сомнение дека извршиле кривично дело „манипулација со доказите во случајот на Оливер Ивановиќ“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
