Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна
Шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, денеска предупреди дека одлуката на германскиот канцелар Олаф Шолц да и дозволи на Украина да користи германско оружје во напади на цели на руска територија може да доведе до Трета светска војна.
-Само една мала грешка може да има катастрофални последици Тоа мора да биде јасно, рече Тајани на националната конвенција на млади претприемачи.
Тој посочи дека Италија не се согласува со изборот на германскиот канцелар и повтори дека Рим ја поддржува Украина, но италијанското оружје нема да се користи врз цели на територијата на Русија, пренесе Анса.
Тајани го поздрави и планот на американскиот претседател Џо Бајден за примирје во Појасот Газа и додаде дека е важно да се ослободат израелските заложници за што поскоро да се достави помош до палестинското население во енклавата.
Тој нагласи дека Италија сака да ја признае државата Палестина, но прво е неопходно да се воспостават граници и меѓусебно да се признаат Израел и Палестина заради долготраен мир.
Ново на Сител
-
Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето
-
Стармер: Путин не е сериозен во врска со мирот
-
„Еурактив“: Српската бавна револуција
-
Нејмар: Се чинеше дека моето враќање е блиску, но нема да можам да го носам дресот на Бразил
-
Хрватскиот премиер Пленковиќ опериран поради срцева аритмија
-
Норис најбрз на квалификациите за Големата награда на Австралија
-
Метеоролозите предупредуваат: Торнада и силни бури се закануваат на Југот на САД
-
Во Белград се очекува попладнево голем протест на студентите во блокада