Тајланд: Нуркачите се подготвуваат да продолжат со акцијата за спасување на децата
Нуркачите во Тајланд се подготвуваат денес да продолжат со ризичната акција за спасување на останатите осум деца и нивниот фудбалски тренер од поплавената пештера на северот од Тајланд.
Момчињата и тренерот се наоѓаат во пештерата од 12 јуни, а вчера извлечени беа четири момчиња.
Операцијата мораше да биде запрена за да се заменат боците со кислород. Спасувачките екипи одлучиле веднаш потоа да се продолжи со акцијата бидејќи се стравува дека би можело повторно да дојде до пораст на водата.
Би-Би-Си наведува дека активности на теренот се забележани рано утринава на местото од каде се нурка, навестувајќи дека можеби веќе е во тек операција за извлекување на преостанатите членови од групата
Најмалку седум амбулантни возила се упатиле кон местото од каде се влегува во пештерата.
Тајландскиот министер за внатрешни работи Анупонг Паојинд изјавил дека истите нуркачи кои учествувале во вчерашното спасување ќе ја водат и денешната акција бидејќи одлично биле запознаени со условите во пештерата и знаат што прават.
Додава дека официјалните лица и предводници во спасувачката операција се состанале утрово оп локално време за да разговараат за следната фаза и тоа како ќе продолжи извлекувањето. Според неговите зборови, нуркачите мора да постават уште канистри со кислород долж подводна пештера до местото каде се наоѓаат децата и нивниот тренер.
Министерот нагласува дека потребни ќе бидат неколку дена за да се заврши целиот процес. Посочува дека децата кои биле вчера спасени, се силни и безбедни, но мораат да поминат низ детални медицински прегледи.
Во операцијата за спасување на децата и нивниот тренер учествува тим од 9 нуркачи, 40 од Тајланд и 50 од странство
Ново на Сител
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки