Тајланд остро реагираше на критиките на Амнести Интернешанл
Министерството за надворешни работи на Тајланд денеска изрази остро спротивставување на извештајот на Амнести Интернешанл, во кој се изразува загриженост поради ограничувањето на човековите права во Тајланд.
Според Министерството, извештајот на Амнести не го споменува позитивниот развој на остварувањето на правата што произлегле од мерките што ги презема власта, која со воен удар ја презеде управата над државата во мај 2014 година.
Тајланд смета дека не треба да се поврзуваат правото на слобода за масовно собирање со слободата на изразувањето. Забраната за масовни собири, како што тврди хунтата, ја вовела за да спречи ескалација на судирите на симпатизерите на спротивставените политички партии и опции.
До воениот удар во пресметки меѓу различните политички парти ина улиците загинаа над 200, а потешко беа повредени 1.050 лица.
Сегашните власти потсетуваат дека Тајланд има водечка улога во решавањето на проблемот на бегалците во југоисточна Азија и дека ги запрел синџирите за трговија со робови во регионот.
Што се однесува до слободата на изразувањето, според Министерството за надворешни работи, таа не е „ниту помала, ниту поголема во однос на демократските држави од целиот свет“.
Ново на Сител
-
Најмногу врнежи во Виница
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1