Свет
12. October 2021 - 9:01

Тајланд се отвора за вакцинираните туристи од најмалку 10 земји

Тајланд од 1 ноември  ќе ги отвори границите без карантин за целосно вакцинираните посетители од најмалку 10 земји, јави денеска ДПА.

Премиерот Прајут Чан-о-ча оваа вест ја најави синоќа, во телевизиското обраќање до нацијата, јави „Бангкок пост“.

Прајут ги наведе Германија, Сингапур, САД и Кина меѓу десетте земји на листата со низок ризик за посети.

-Посетителите, пред да ги напуштат своите земји треба да направат само еден ПЦР тест за Ковид-19 и втор по пристигнувањето во Тајланд. Потоа ќе може слободно да патуваат во сите делови на земјата, рече тој.

Се очекува од 1 декември на списокот на слободни земји за доаѓање на нивни патници да бидат додадени и други држави. Дотогаш Тајланд најверојатно ќе ја укине забраната за послужување алкохол во рестораните, што е во сила со месеци наназад.

Тајландскиот туристички сектор е речиси целосно затворен повеќе од 18 месеци и предизвика комплетна загуба на приходи за многу луѓе.