„Тајм“: Ангела Меркел - личност на годината

Американското списание „Тајм“ ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел за „Личност на годината 2015“, истакнувајќи ја нејзината упорност и лидерство во решавање на проблемите со европските долгови и бегалската криза.
- Лидерите се на тест само кога луѓето не сакаат да ги следат, нагласи уредничката на „Тајм“, Ненси Гибс.
Таа истакна дека и покрај кризата во регионот, која доведе до тоа „да се запрашаме дали Европа може се уште да опстане“, Меркел (61) се појави како „незаменлив играч“.
Како што се наведува во образложението, Меркел од својата земја барала повеќе отколку што повеќето политичари се обидувале, останувајќи цврста против тиранијата и ефикасна во давањето морално лидерство во светот.
Покрај Меркел, во тесниот избор на „Тајм“ за личност на годината се наоѓале уште седум кандидати, меѓу кои американскиот милијардер Доналд Трамп, лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади, иранскиот претседател Хасан Рохани, шефот на руската држава Владимир Путин.
Ново на Сител
-

Продолжуваат врнежите, в недела снег и на пониските места
-

Трипуновски: Фармерот Никола од струмичко ќе се обесштети
-

СДСМ: Владата да најде пари за 600 евра минималец
-

МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година
-

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ одби покачување на платите
-

СЗО: Низок ризик од ширење на вирусот Нипах надвор од Индија
-

Прегазено 13-годишно девојче во Гостивар, возачот избегал
-

Прво финале за Алкараз на Австралија опен
