Живот
14. August 2016 - 14:57

Тајната на ковчегот во кој лежи судбината на човештвото

Дневник.хр - Загреб

Често се смета дека нуклеарната бомба се активира само со притискање на копче. Меѓутоа, тоа е далеку поедноставен приказ за активирање на најсилното оружје на светот за кое се смета дека го поседуваат девет држави.

Неодамна објавените прашања на републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп за користењето на нуклеарното оружје, при што се виде дека не ги сфаќа размерите од последиците од неговото активирање, ги поттикна американските новинари да објават подетални информации за процедурата низ која се поминува пред користење на тоа погубно средство. Често се смета дека нуклеарната бомба се активира само со притискање на копче. Меѓутоа тоа е далеку поедноставен приказ на активирањето на најсилното оружје на светот за кое се смета дека го поседуваат девет држави.

„Ковчегот содржи опрема и документи за одлуката која му треба на претседателот за да донесе брза одлука”

Метзгер

Наместо копче, претседателот има картичка, која безбедносните служби ја нарекуваат „колаче” на која се наоѓаат кодовите за лансирање. Тука е и ковчегот, во безбедносните служби познат под името „фудбал”, кое секогаш покрај претседателот го носи воен асистент. Јавно не е позната точната содржина на ковчегот, но накусо во него се наоѓа опрема и информации потребни за лансирање на нуклеарно оружје. Поранешен воен службеник, директор на воениот кабинет во Белата куќа, Бил Галеј во книгата „Breaking Cover” објави податок за четири работи кои се наоѓаат во ковчегот - црна книга со упатство за опциите на ударот; попис на сигурни бункери во кои претседателот може да побара заштита; упатство за користење на итен систем за емитување и картичка со кодови за лансирање со која претседателот го потврдува својот идентитет. Пит Метзегер три години бил еден од пет воени службеници кои се менувале при носење на нуклеарен ковчег во текот на мандатот на претседателот Роналд Реган. 
„Мора да бидете подготвени било кога. Мора да имате предвид дека се мора да се направи многу брзо, бидејќи друга бомба стигнува многу брзо” - вели тој за Си-Ен-Ен, потенцирајќи дека од лансирањето потребни се пет до шест минути, нуклеарна бомба на непријателот да ги погоди Вашингтон или Њујорк. Поради тоа, ковчегот постојано мора да биде на располагање на претседателот, било да се наоѓа во Белата куќа или во колона возила, во авион, во странство...

Асистентот со ковчегот се вози во ист лифт како и претседателот, спие на ист спрат од хотелот како и претседателот и обезбедувањето се наоѓа покрај претседателот во случај ако тој во клучниот момент за лансирање на нуклеарна бомба е онеспособен.

Метзегер вели дека одлуката за тоа кој ќе биде воен асистент за носење на најважниот ковчег на светот, се донесува по долго испитување во Министерството за одбрана, тајните служби и ФБИ, а испитувањата содржат и психички и физички тестови и многу, многу детално истражување за потеклото на асистентот. Од воените службеници кои би извеле нуклеарен напад се бара да работат во парови и двајцата мора да се согласат за извршувањето на нуклеарно лансирање.

Меѓутоа, тоа во прашање го доведува толкувањето на Кингстон Реиф од Американското здружение за контрола на оружјето. „Претседателот има овластување да одлучи дали ќе го користи американското нуклеарно оружје” - вели Реиф и додава дека претседателот во користење на оружјето може да го спречи само бунт, т.е. повеќе од едно лице мора да се спротивстават на одлуката на претседателот.

А влоговите се многу високи

Според Федерацијата на американските научници САД располагаат со арсенал од над 1.900 нуклеарни боеви глави подготвени за користење во било кој момент и секоја е 10 до 20 пати посилна од атомската бомба која се користела во Хирошима и Нагасаки.

Метзегер пак потенцира дека претседателот својата улога за оваа одлука ја сфаќа многу сериозно, како и пет асистенти кои се менуваат носејќи го ковчегот со себе. „Резултатот од одлуката за лансирање на нуклеарно оружје е толку гротескно одвратен; тоа би го променило лицето на Земјата, би го променило човештвото, човековиот род. Кога сте на должност се трудите да не размислувате за огромната важност од тоа, но секогаш сте подготвени на состојба во која можеби ќе морате да размислувате” - заклучува Метзегер.