Свет
11. March 2017 - 21:56

Тајната служба уапси натрапник, кој влегол во дворот на Белата куќа

Натрапник, што носел ранец, успеа да влезе на територијата на Белата куќа, по што беше уапсен од агентите на Тајната служба, јави Си-Ен-Ен.

Тој бил уапсен на влез во близина на претседателската резиденција.

Американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓал во Белата куќа во тоа време, но не бил загрозен од пропустот на обезбедувањето, што се случил околу полноќ, соопшти телевизијата, која цитира неименуван извор.