Таксистите и приватните автобуски превозници од Гевгелија до петок со двочасовни блокади на ГП „Богородица“

Гевгелиските таксисти и приватните автобуски превозници најмалку до петок ќе продолжат со двочасовните блокади на граничниот премин „Богородица“ во редовните термини од 10 до 12 часот, соопштија утрово од здружението на таксистите.
Појаснуваат дека ќе бидат трпеливи во очекување на одговор на нивното барање од страна на надлежните институции од кои е ветено дека до петок ќе се разгледа настанатиот проблем околу превозот на мигрантите од ПТЦ Гевгелија кон Табановце.
- Информирани сме дека денеска на таа тема ќе расправа Центарот за управување со кризи, а дека во петок конечна одлука треба да донесе Координативното тело за справување со кризи. Првиот договор што беше постигнат се почитуваше само еден ден. Од донесената одлука во петок ќе зависи дали штрајкот на таксистите ќе прекине или ќе се прошири,рече претедателот на таксистите,Миле Ангелов.
Ново на Сител
-

Втора иранска балистичка ракета соборена во турскиот воздушен простор во последната недела
-

Повредени четворица малолетници и 21-годишно момче, откако возило излетало од патот Ржаничино - Таор
-

Спајиќ: Црна Гора има резерви гориво за два месеца
-

Две лица повредени по сообраќајка во Куманово, удрени и три паркирани возила
-

Кривична за малолетничка од тетовско, нападнала брачен пар
-

Фон дер Лајен: Европа не може да го реши секој проблем во светот
-

Проширена истрага за пожарот во Кран-Монтана на претставници на локалните власти
-

Путин му посака успех на новиот ирански врховен лидер
