Талат Џафери: Не чувствувам потреба да се извинам за пцовките
Собранискиот спикер, Талат Џафери тврди дека собраниските служби не си ја работеле својата работа, па затоа употребил навредливи зборови.
-Ако некој смета дека треба работното време да го мине на ул. Македонија, сметам дека тоа не му треба на собранието, ниту на граѓаните. Тие треба да се на своите работни места осум часа, изјави Џафери на брифинг со новинарите.

Вели дека службите направиле грешка и ако тој не забележал, тоа ќе значело враќање на седницата од почеток.
-Не чувствувам потреба дека треба да се извинам за случајот, додаде Џафери.
Тој, на денешниот брифинг пристигна со секретарот на Собранието, Цветанка Иванова, но и покрај барањето на новинарите и таа да даде објаснување за случајот, собранискиот спикер Џафери не и дозволи, бидејќи брифингот бил негов.
Џафери денеска ја промовираше и новата комуникациска опрема за сала Македонија со што од утре седниците повторно ќе се одвиваат во таа сала.


Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
