-->
-->
Талески: Тешко ќе биде со Украина
-->

Машката ракометна репрезентација на Македонија од денеска е во Суми, Украина каде утре ќе го одигра натпреварот број 5 од групата 4 од квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска. По четирите одиграни кола во групата сите селекции постигнаа победи на домашен терен, па така Македонија ја очекува тежок натпревар.
Левиот бек на Македонија, Филип Талески за првпат во својата кариера во репрезентацијата доаѓа како интернационалец, т.е. играч што настапува во странство (Рајн Некар Ловен – Германија).
За нашиот прв противник во последните две кола Украина, Талески истакна:
- Нашата група е комплексна. Сите четири репрезентации имаат по 4 бодови. Ова се двата најважни натпревара за пласман на Европското првенство во Хрватска. Мора да дадеме се од себе и нема да биде лесно. Во Украина како гости загубија и Исланд и Чешка. Украина игра добар ракомет особено имаат цврста одбрана и тешко е да се разбие. Ние сме максимално подготвени и да извојуваме победа. Ако славиме на гости, ќе ни биде многу полесно во последното коло со Чешка во Скопје и ќе играме растеретени. Се надеам дека на крајот од квалификациите ќе се радуваме.
На првиот натпревар од 5.коло од нашата група во Брно Чешка го победи Исланд со 27:24 и со шест бодови е лидер на табелата и е пред пласман на Европското првенство.
Во последното коло во недела Македонија е домаќин на селекцијата на Чешка.
Инаку, натпреварот Украина – Македонија почнува утре во 18 часот, а ќе го судат Петер Бруновски и Владимир Чанда од Словачка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"
-

Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст
-

Група од неколку лица со тврди предмети физички нападнале малолетник и снимале со мобилен телефон
-

Приведен 26-годишен кумановец, од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети
-

Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Милко Божиновски од Ростуше
-

Богојавление – Водици во Берово: Благој Дујовски прв до светиот крст
-

Христијан Бошевски најсреќен на Водици во Битола
-

Бојан Ѓеоргиевски најсреќен за Водици во Делчево
