ОН: Талибанците во Авганистан и натаму се во близок контакт со Ал Каеда

Талибанците во Авганистан и натаму одржуваат блиски врски со терористичката мрежа Ал Каеда, и покрај потпишувањето на мировниот договор со САД, со кој тие се обврзаа дека ќе се борат против екстремистичките групи, се вели во извештајот објавен денеска од Обединетите нации.
Бунтовниците веднаш го оценија извештајот како неоснован и полн со предрасуди.
Договорот меѓу САД и Талибанците, потпишан во катарската престолнина Доха на крајот на февруари, требаше да им овозможи на американските трупи после 19 години да почнат постепено да го напуштаат Авганистан и да го отворат патот за внатреавганистански преговори, што ќе ја обликуваат политичката иднина на земјата.
Според договорот, Талибанците ветија дека ќе се борат против други терористички групи, вклучително и Ал Каеда, која некогаш ја поддржуваа, и да ги спречат екстремистите да користат авганистанска територија за да вршат напади врз Америка.
Комитетот на ООН, кој го изготви извештајот, соопшти дека неколку истакнати членови на Ал Каеда биле убиени во последните месеци, но дека голем број на истакнати лидери на групата, некогаш предводени од Осама бин Ладен, останале во Авганистан.
Во извештајот се вели дека тие одржуваат врски со мрежата на Хакани, сојузник на Талибанците и дека тие и понатаму играат значајна улога во операциите на Талибанците.
Портпаролот на Талибанците Забихулах Муџахид издаде соопштение на англиски јазик во која се осудува извештајот на ООН.
Талибанците, рече тој, нема да дозволат никој да користи авганистанска почва против некој друг, во согласност со Доха договорот, или да одржува кампови за обука или да користи авганистанска почва за да собере средства против други.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
