„Талир“ повторно одложен
Судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ „Талир” се одложува за 12 септември, поради отсуство на еден од поротниците.
Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.
Во судница беа присутни обвинетите Миле Јанакиески, спроведен од притвор, Кирил Божиновски спроведен од куќен притвор, како и пратеникот Илија Димовски и Леко Ристоски.
На екс премиерот Никола Груевски му се суди во отсуство.
Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се уште се наоѓа на почеток и веќе неколку месеци се одложува почетокот поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и менување на бранителите и застапниците на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.
Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.
Ново на Сител
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти