Танкер натоварен со течен природен гас гори покрај брегот на Јемен, соопшти поморската мисија на ЕУ „Аспидес“

Танкер „МВ Фалкон“ натоварен со течен природен гас гори покрај брегот на Јемен, соопшти поморската мисија на Европската унија „Аспидес“.
Танкерот се запали и беше однесен од струите покрај брегот на Јемен откако пријави експлозија што го принуди неговиот екипаж да го напушти бродот, соопшти поморската мисија.
Причината за експлозијата е нејасна, посочуваат од мисијата, додавајќи дека 15 проценти од бродот што плови под камерунско знаме гори, според првичните извештаи.
Поради ризикот од понатамошни експлозии, бидејќи танкерот бил целосно натоварен со течен природен гас, од мисијата соопштуваат дека им советувале на бродовите во областа да бидат на безбедно растојание од него.
Во тек е спасувачка операција за 26-те членови на екипажот.
Досега, 24 морнари се спасени од два трговски брода што пловат во близина. Еден од членовите на екипажот останал на бродот, а друг е пријавен како исчезнат, соопшти мисијата на ЕУ, додавајќи дека грчка фрегата е испратена на местото на настанот.
„МВ Фалкон“ пловел од пристаништето Сохар во Оман кон Џибути, соопшти претходно британската компанија за поморска безбедност Амбреј
Експлозијата се случила додека танкерот пловел 113 наутички милји југоисточно од пристаништето Аден.
Извори од поморската безбедност изјавија дека во областа не се откриени ракети или дронови.
MИА
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева
-

СП 2026: Франција убедлива против Ирак
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
-

СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан
-

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата
-

Трамп: САД трошат огромни пари за одбрана на Европа од Русија, а тие не сакаа да ни помогнат во војната со Иран
