Таравари и Села да се извинат на Тирана, Приштина и граѓаните

Лагата на Арбен Таравари и неговата партија, која е фракција на ДПА на Мендух Тачи, Движењето за Реформи во ДПА, за поддршката од Албанија и Косово за албанската опозиција во Македонија, како и за „падот” на ДУИ, навистина имаше кратки нозе и многу брзо се откри ставајќи го на површина нивниот срам, незнаење и несериозност.
Таравари и бившите сопартијци на Мендух Тачи кои создадоа фракција од ДПА, треба да побараат извинување од нашите граѓани, но и од Косово и Албанија за ова клевета, за ова лажна вест и скандалозна импликација на Тирана и Приштина.
Оваа фракционерска партија во континуитет шири лажни вести, измами, пропаганда и ветувања дека ќе ги урнат сите постигнувања на албанците во ова земја.
На ова фракција која се роди како резултат на раздор од матичната партија ДПА, единствената цел и е да се урнат достигнувањата на албанците како јазикот, знамето, повеќе од 25.000 административци, НАТО, универзитетите, училиштата, градинките, болниците, инфраструктурата и сите други постигнувања.
Оваа нивна голема и разоткриена лага влијае лошо кај граѓаните и го поттикнува раздорот помеѓу нив, но истовремено е направена за да и послужи и на нивниот идеолошки партнер, слично како со таканаречената „Тиранска платформа”.
Ново на Сител
-

Без струја делови од Центар и Карпош
-

САД и Венецуела се согласија да ги обноват дипломатските односи
-

Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
-

Европол: Зголемена закана од тероризам во Европската Унија поради конфликтот во Иран
-

Амбасадата на САД во Кувајт ја прекина работата
-

Пад на надворешнотрговската размена во јануари
-

Магла на неколку патни правци, во прекин товарниот сообраќај на ГП Деве Баир
-

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени
