Таравари: Одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана, некој можеби сака да се зборува за ова и да се дефокусира од другите побитни теми
Одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ министерот за здравство Арбен Таравари вели дека е избрзана, но тоа е одлука на Уставен суд, иако, како што вели „не ни требаат вакви тензични состојби“.
Според Таравари, владината коалиција имала договор прво да се донесе Законот за правична застапеност на сите заедници, меѓутоа не само етничка припадност, туку и за други категории.
- Уставниот суд, за жал, се судии кои што се избрани и иако судиите треба да бидат неутрални. Меѓутоа, мислам дека не ни требаат вакви тензични состојби во овој период. Напротив, ние и така имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата дека треба да се договориме за Законот за правична застапеност на сите заедници и потоа „балансерот“. Меѓутоа, некако се избрза. Некој можеби сакаше да се зборува за ова и да се дефокусира од другите побитни теми, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања по потпишување на договорот за грант меѓу Јапонскат амбасадаа и УК за детски болести.
Продолжувам, посочи Таравари, на ставот дека „балансерот“ беше добра алатка, меѓутоа во последно време беше доста злоупотребена.
- Во албанските општини се пишуваа како Македонци, за да се вработат Албанци, а генерално во државната централна администрација повеќе Македонци се пишуваа како Роми, Турци, Албанци за да бидат примени на работа. И тоа, веќе беше алатка што се злоупотребуваше на големо. Мораме да најдеме решение за да сите категории на луѓе бидат застапени во државната администрација, изјави Таравари.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода 44-годишен маж, пренесувал мигранти од Египет
-
МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани
-
Најстудено утрово во Берово со минус осум степени
-
ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување повредени од Кочани
-
Комеморативно-културна манифестација во Шибеник во чест на жртвите од пожарот во Кочани
-
Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово
-
Топењето на глечерите ги загрозува резервите на свежа вода, предупредуваат експертите
-
МДТ апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници