Татко и ќерка загинаа пред училиште

Четиригодишно девојче и нејзиниот татко загинаа денеска кога пред училиште на југот на Тајланд, каде има бунт, експлодирала бомба скриена во мотоцикл, соопштија локалните власти.
Експлозивната направа, кога била заглавена со резервоар за гориво на паркираниот мотоцикл, експлодирала во моментот кога учениците и наставниците утрото влегувале во уччилиштето во областа Так Бај.
-Загинаа две лица, татко и ќерка, изјави ја од полицијата додавајќи дека бомбата била активирана со далечински управувач во коментот кога несреќниот маж и неговата ќерка со мотоциклот се доблужувале до школксата капија.
Во експлозијата се ранети уште десетина лица, и најверојатно сите се муслимани.
-Бомбата била наменета за убивање без да прави разлика меѓу жртвите, што покажува оваа четиригодишна жртва, велат од тајландската војска.

Етнички малезиски бунтовници на југот од Тајланд со години наназад ги земаат на нишан училиштата и наставниците, кои се сметаат за симболи на тајландската државна моќ над тој културно поинаков регион со муслиманско мнозинство.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
