Македонија
28. August 2017 - 15:00

Татко и син нападнати кај патарината Отовица

На автопатот Велес-Скопје, пред наплатната станица Отовица, вчера околу 20 часот и 30 минути од страна на 60-годишниот А.Ѓ. од Скопје, било извршено кривично дело “насилство”. А.Ѓ. насилството го извршил на тој начин што со стап го скршил левиот ретровизор и стаклото од левата врата од товарно возило “Мерцедес Атего“ со скопски регистерски таблици.
 
-Потоа истиот физички ги нападнал возачот на возилото 47-годишниот А.И. од селото Арачиново удирајќи го со стапот во пределот на носот, а потоа и неговиот 14 годишен син удирајќи го во пределот на грбот, информираат од полицијата.
 
Во СВР-Велес бил извршен разговор со напаѓачот А.Ѓ. и по целосното расчистување и документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.