-->
-->
Татко секојдневно си ги тепал трите деца, учителките пријавиле во полиција
-->
Вчера во 16.50 часот, во СВР Битола претставници од Центарот за социјални грижи Битола пријавиле дека од основно училиште во Битола стигнало до нив известување дека ученик дошол во училиштето со телесни повреди, соопшти МВР.
Оттаму појаснуваат дека од страна на претставници на ЦСР и стручен кадар од училиштето бил извршен разговор со мајката и со сите нејзини три нејзини деца, ученици во второ, четврто и осмо одделение. Децата посочиле дека нивниот татко секојдневно ги тепал и ги малтретирал.
Од страна на полициски службеници од СВР Битола на 29.10.2024 во 20 часот лишен е од слобода Џ.Е.(43) од Битола и поднесена е кривична пријава по чл. 201 од КЗ „запуштање и малтретирање на малолетно дете”, додаваат од полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани