Македонија
2. јуни 2017 - 13:49

Татко сексуално си го злоупотребувал детето

Основното јавно обвинителство (ОЈО) денеска соопшти дека е поведена постапка против едно лице за полов напад врз дете, за што му е определен и притвор од триесет дена.

Осомничениот делото го вршел во периодот од септември до декември 2016 година во времето кога ги користел законски овозможените видувања со своето дете од вонбрачна заедница. Однесувањето на детето создало сомнеж кај мајката која го пријавила случајот.

Од тој момент Обвинителството ги презело сите потребни дејствија за прибирање докази и утврдување на факти во предметот.

- По спровување на предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, се наведува во соопштението.

Обвинителството ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка поднело предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифатил предлогот и со решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од триесет дена.