Живот
21. јуни 2017 - 16:45

Тато на Ема и прави најубави фризури и ги учи другите татковци како да ги разубават своите принцези

Самохраниот татко Фил Моргис и неговата ќерка Ема организираат часови на кои татковиците може да научат како да им прават фризури на своите ќерки.

Фил е самохран татко уште од кога Ема имала година дена и од тогаш морал да научи како да и ја средува косата.

Вели дека на почетокот тоа за него било исклучително фрустрирачко зошто за тоа не знаел ништо, а неговата ќерка си ја обожувала косата.

Во текот  на годините толку се извежбал што дури одржал и 34 предавања на кои имало околу 300 татковци.

-Сакам да ги мотивирам и да им кажам дека иако фризурата е неуредна она што е најважно е времето кое тие го поминуваат заедно со своите ќерки, вели овој татко.

Смета дека е многу важно за девојчињата да имаат машки пример во својот живот, кој треба да ги научи како мажите треба да се однесуваат кон нив.

-Не постои поделба на работите. Родителството еволуира и важно е да останеме проврзани со своите деца, вели тој.

Погледнете го видеото: