Тажна вест од болница: Откако падна од балконот актерка Неда Арнериќ ...
![]()
Неда Арнериќ, 63-годишната актерка која падна од тераса, има скршено три вратни пршлени, но за среќа и покрај стравувањата да не остане инвалид, докторите дадоа позитивна прогноза дека актерката со тек на време ќе се опорави. И покрај ова, тажни вести стигнаа од болницата каде лежи актерката. Таа попадот е постојано тажна, не зборува и западнала во длабока депресија.
Актерката не сака да прима посети, дури ни членовите на семејството. Сепак, вчера ја посетила нејзината пријателка Весна која вели дека гледа само во една точка со очи полни солзи.
Неда сака да биде сама и инсистира никој да не доаѓа и да не ја вознемирува.
- Се наоѓа во соба со три пациенти, но слабо комуницира. Не зборува, не јаде, постојано лежи, додава пријателката.
Според неа, Неда е кревка жена на која ќе и треба време да се опорави.
Ново на Сител
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
-

Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата
-

Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
-

Нетанјаху изрази оптимизам во врска со потенцијалниот договор меѓу САД и Иран
-

Суд во Сеул го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун на 30 години затвор
-

Облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
-

Нови ограничувања за казината: Забрана за реклами, да се оддалечат на пола километар од секое училиште
-

Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп - Градско
