Џет-Сет
25. March 2016 - 11:16

Тажна вест: Почина познат комичар

Американскиот актер и комичар Гери Шандлинг почина синоќа во Лос Анџелес на 66-годишна возраст.

Како што јавија американските медиуми, Шандлинг, кој се прослави со комичната серија „Шоуто на Лери Сандерс“, најверојатно починал од инфаркт. 

Претставник на полицијата инфромира дека Шандлиг починал од „природна смрт“ и дека нема ништо сомнително во случајот. Тој инфотмира дека комичарот синоќа бил пренесен со возило на брзата помош од неговиот дом во една болница во Лос Анџелес, каде и починал.

Шандлинг ја доби наградата „Еми“ во 1998 година. Во периодот од 1990 до 2004 година тој во пет наврати беше водител на доделувањето на наградите „Греми“ и „Еми“.