Тажна вест: Почина позната македонска актерка

Актерската легенда Лилјана Лиле Георгиевска почина завчера во Скопје на 77 годишна возраст.
Својот животен и работен век го поминува на сцената на Драмскиот театар од 15 август 1966 година се до нејзиното пензионирање во 1996 година.
Во текот на овие интензивни три децении Лиле Георгиевска беше еден од незаменливите столбови на Драмскиот театар.
Од лепезата на ликови и карактери кои константно оставаа неизбришлива трага во сеќавањето на публиката меѓу останатите ќе бидат врежани и Ангелина во "Болен Дојчин" од Георги Сталев, Арманда во "Учени жени" од Молиер, Ева во "Адам и Ева" од Богомил Ѓузел,, Бланш во Трамвајот наречен желба од Тенеси Вилијамс, Госпоѓа Шандебиз во "Болва во уво" од Жорж Фејдо, најиграната претстава во историјата на македонскиот театар како и уште десетици ролји кои засекогаш ќе стојат вградени во столбот на Драмскиот театар-актерката Лилјана Лиле Георгиевска.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
