Тажна вест: Почина великанот на македонското сликарство
Великанот на македонското сликарство Владимир Георгиевски почина утринава во Скопје на 74 години. Во целокупното творештво на Владимир Георгиевски, човекот и неговата судбина се постојана тема, естетска провокација и креативна преокупација. Георгиевски има поминато низ неколку фази на уметничко изразување, но секогаш успешно сочувувајќи ја нагласената оригиналност.
Во неговите слики, цртежи, рељефи, скулптури, театарски костимографии и сценографии се редат актери од сите слоеви на цивилизацијата: шпанскиот благородник Дон Кихот, Достоевски, Бах, Бетовен. Адам и Ева се исто така живи во опусот на Георгиевски, како и светото тројоство, драмата на распнувањето и оплакувањето. Мотивите на старите чевли, лебот, камењата, сувите лисја потсетуваат на трагите на човековото постоење.
Владимир Георгиевски исто така создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.
Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Како поранешен член на Удружење ликовних уметника Србије излагал во сите центри на поранешна Југославија.
Реализирал студиски патувања во Италија, Франција, Русија, Велика Британија, САД, Белгија и Холандија.
Самостојни излагања имал во Скопје, Белград, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Софија и Санкт Петерсбург. На 12 декември 2014 година, во галеријата „Ел Греко“ во Скопје беше отворена изложба на слики, цртежи и релјефи на Георгиевски, во чест на јубилејот 400 години од смртта на шпанскиот сликар Ел Греко. Владимир Георгиевски е роден е на 1.06.1942 во Скопје, од татко Ефтим и мајка Фотка. По завршувањето на средното уметничко училиште се запишува на Академијата за ликовни уметности во Белград. Диполимира во 1958 година. Постдипломските студии ги завршува на истата Академија во класата на професор Младен Србиновиќ. Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје од раните осумдесетти години до почетокот на новиот милениум. , Виена, Рим, Киев, Софија и Санкт Петерсбург.
Ново на Сител
-
Четири малолетнички нападнале своја врсничка, која ја познавале, а настанот го снимиле со телефон и го споделиле на социјални мрежи
-
61-годишен прилепчанец измамен за 175.000 денари, го убедиле дека инвестира во криптовалути
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад
-
Силувано 12 годишно девојче во валандовско
-
Украл пари и други производи од продажен објект - гостиварчанец приведен за тешка кражба
-
Герасимовски: Центар ги исчисти улиците во Маџир маало каде надлежност има градот Скопје
-
Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на УКРО
-
Мицкоски: Унгарскиот кредит за компаниите ќе придонесе за задвижување на економијата