-->
-->
Театарот „Скрб и утеха“ со “Некрстени денови“ гостуваше во Крива Паланка
-->

Актерите од драмскиот театар „Скрб и утеха“ од Скопје синоќа пред кривопалачани ја изведоа претставата „Некрстени денови“.
Станува збор за жив театар кој се базира на македонските корени, на најраните форми на театар што се настанати во Македонија, пред се неолитскиот, античкиот македонски театар и театарот кој го играл Војдан Поп Чернодрински, театар посветен на Бог.
- Ние ги играме некрстените денови во македонската реалност. Под тоа подразбирам едно цивилизациско прашање што се случува во државата, негирањето на макодонската култура од нашите соседи, неприфаќањето на Македонија и македонското име во Европската заедница. Играме една таква приказна која поставува прашања и одговори и на крајот ја посветуваме на Бог и на македонската култура“, изјави Тихомир Стојановски, автор на претставата „Некрстени денови“.
Претставата е поканета да гостува во Холандија, за време на Божиќните празници.
- Премиерата на оваа претстава беше во велешкиот театар. Игравме во црквата СВ „Никола“ во Прилеп, во Пробиштип, Кочани, Демир Капија, Крива Паланка. Сме учествувале на традиционалниот фестивал „Војдан Чернодрински“ и ќе гостуваме секаде каде ќе не поканат, додаде Стојановски.
Претставата „Некрстени денови“ е дел од програмата на Топол Културен бран, финансирана од Министерството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
