Театарскиот перформанс „Сонен за Сонет 116“ на „Битола Шекспир фестивал“
„Битола Шекспир фестивал“ вечер продолжува со соло перформанс на актерот Ги Сонен од Амстердам, Холандија кој инспириран од сонет 116 на Вилијам Шекспир, своето актерско мајсторство ќе го презентира на малата сцена во Битолскиот театар.
Во пресрет на вечерашниот премиерен настап во Битола, Сонен посочи дека неговата професионалност била препозната од Благој Мицевски и Марјан Неќак, и со задоволство се одзвал на поканата за „Битола Шекспир фестивал“.
- Што и да ми дава или зема уметноста и каде да ме однесе, од самиот почеток до крај-тоа секогаш е љубов. Што и да му донесе животот на светот, убавина, раѓање или глад што разорува, деменција, уништени врски, предавство, самотија, болкна, гнев, војна, ништожност, смрт – каква и да е мизерија, љубовта секогаш ќе е присутна. Вил Шекспир во својот сонет ја надминува секоја болка, ја надминува смртта, да оди подалеку од бесконечноста, зашто љубоват е поткрепа на се – се до самиот крај, вели холандскиот актер Сонен.
Третото издание на Интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“ завршува утревечер со настап на актерите од Драмски театар-Габрово, Бугарија, кои ќе ја одиграат претставата „Ромео и Јулија“ во режија на Петринел Гочев.
Ново на Сител
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО